24фудбал

Шевченко го тешеше Пандев (ФОТО)

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација не успеа да дојде до позитивен исход од мечот против Украина денеска и загуби со 2-1.

Македонија

Горан Пандев го постигна првиот гол на едно големо натпреварување како што е Европското првенство за Македонија, и тоа во првото коло во поразот од Австрија со 3-1, меѓутоа нашиот капитен иако погоди денеска со една убава фудбалска мајсторија, неговиот гол беше поништен поради претходно недозволена позиција.

Како и да е, Пандев по поразот од Украина беше тешен од големата фудбалска легенда на таа земја, но и еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, Андриј Шевченко кој ја обавува функцијата на селектор на Украинците.