24фудбал

Парма на посебен начин го потврди враќањето на Буфон (ВИДЕО)

Легендарниот голман во новата сезона ќе биде дел од италијанската Серија Б, откако „Млекарите“ не успеаа да изборат опстанок во елитното друштво.

Италија

Парма на одличен начин го потврди враќањето на Буфон, со тоа што видеото кое беше објавено на социјалните мрежи беше под наслов „Супермен се врати“.


Буфон се приклучи на Парма кога имаше само 13 години, а дебитираше за тој клуб во Серија А во периодот кога имаше само 17 години.

Легендарниот италијански голман шест години беше дел од Парма во сениорскиот состав на таа екипа, освојувајќи ја Копа Италија, но и Купот на УЕФА во 1999 година.

Минатиот месец, Буфон потврди дека си заминува од Јувентус ова лето, откако се врати во „Старата дама“ по краткиот престој во ПСЖ.