24фудбал

Трајковски: Се надевам дека против Холандија од првата минута ќе играме офанзивно, не да чекаме прво да примиме гол

Александар Трајковски внесе голема свежина со негово влегување во второто полувреме, имаше неколку извонредни шута од далечина, а еден од нив го донесе и пеналот за Македонија.

ЕВРО 2020

Трајковски смета дека Македонија мора од почеток да игра како што денеска одигра во второто полувреме.

Прво полувреме влеговме со иста мотивација како и на првиот натпревар, да дојдеме до победа, но мора да признаеме дека во прво Украинците беа подобри. Во второ полувреме пробавме да се вративме, го покажавме тој наш менталитет дека можеме да се вратиме и од негатива. Имавме шанси, не ги искористивме, и мислам дека тоа пресуди“, вели Трајковски.

„Јас се загревав, селекторот ми кажа што да направам на теренот, тоа и го направив. Игравме до крај, напаѓавме и се обидувавме со сите сили да се вратиме и ете, не успеавме“.

„Јас се надевам дека со Холандија ќе играме вака од почетокот на натпреварот, а не да чекаме да дојде до негативен резултат. Јас мислам дека сме подготвени да играме“.