24фудбал

Пандев: Ваквите мечеви не трпат импровизации, веќе направивме нешто големо, тука треба да играме послободно

Капитенот Горан Пандев смета дека Европското првенство треба да го играме многу послободно отколку што го правиме тоа.

ЕВРО 2020

Македонија го забележа и вториот пораз на Европското првенство, против Украина покажавме дека можевме и повеќе отколку што освоивме досега.

„Кога ќе примиш гол од прекин на вакви натпреварувања, станува потешко. Имавме шанси да изедначиме пред пеналот, но таков е фудбалот. Жал ми е што загубивме. Сигурно се виде дека малку сме во грч. Ова се натпревари кои првпат ги играме во нашите кариери. Кога примивме гол како да се опуштивме и како да почнавме да играме“, вели Горан Пандев.

„Ваквите натпревари не трпат импровизации. Ние веќе направивме нешто големо и треба само да излеземе на теренот и да се забавуваме. Треба да играме растоварено, треба да не се плашиме да го загубиме натпреварот. Да излеземе, да одиграме како што знаеме и да дадеме максимум, па и да загубиме да не ни е криво“.