24фудбал

Алиоски: Жал ми е што од почеток не игравме како во второто полувреме

Езгјан Алиоски беше стрелец на денешниот гол против Украина, тој знае дека можевме многу подобро на овој натпревар во првиот дел.

Македонија

Македонија ја смени тактиката откако прими два гола од Украина и заигравме многу подобро. Сите играчи си беа на своите позиции по што почнавме да му создаваме проблеми на противникот, но тоа што го пропуштивме во првото полувреме, не го надополнивме во вториот дел.

„Во првото полувреме требаше да играме поагресивно и да правиме подобар пресинг. Тоа беше негативно од нас. Ни дадоа голови и тешко ни беше да се вратиме. Како што игравме во второто полувреме така требаше да играме од почеток“, вели Алиоски.

„Денеска требаше да земеме бод, затоа ми е жал. Жал ми е што игравме одлично во второто полувреме, а не бевме такви во првото. Знаеме дека имаме квалитиет, но тој квалитет требаше да го покажеме од првата минута“.