24фудбал

Кјаер се обрати со емотивно писмо пред мечот со Белгија (ФОТО)

Денеска со почеток од 18 часот се игра пресметката помеѓу Белгија и Данска во второто коло од групната фаза од Европското првенство, а на истиот меч ќе има и прекин во 10 минута во знак на поддршка за Ериксен од обете селекции.

ЕВРО 2020

Симон Кјаер се покажа како еден од клучните херои во битката за спас на животот на неговиот соиграч од националниот состав на Данска, Кристијан Ериксен кој колабираше на мечот против Финска, но со крајни напори беше спасен неговиот живот.

Капитенот на Данска реагираше правовремено и прв му пружи помош на Ериксен, со тоа што го „подготви“ за медицинскиот персонал, а како што и самиот дефанзивец вели, тој момент бил шок за него, но и целата јавност.

Има некои посебни и специјални денови, каде фудбалот не е најважното нешто“ пишува Кјаер во своето писмо до јавноста.

Шок, кој ќе биде дел од мене, дел од сите нас, засекогаш! Најважното нешто во моментов е тоа што Кристијан е добро ! Горд сум на тоа како реагиравме сите како тим, а како се држевме заедно во тие тешки моменти, сево ова допира до мене, благодарен сум на поддршката“ додаде капитенот на Данска, како и фудбалер на Милан.

Денеска ќе излеземе на теренот против Белгија со Кристијан во нашите срца, а спомените ќе ни останат како мир во нашите умови, кои ќе ни дозволат да се фокусираме на натпреварот, ќе играме за Кристијан, а како и секогаш за цела Данска, тоа најголемата мотивација за нас, како и секогаш, ќе го сториме најдоброто“ нагласи Кјаер.