24фудбал

Почетни состави: Белгија и Данска ветуваат напаѓачки фудбал (ФОТО)

Сигурно ќе има многу емоции на пресметката во Копенхаген каде практично домаќинот Данска ќе ги одмери силите со Белгија во второто коло од групната фаза на Европското првенство по случувањата со Ериксен од претходното коло.

ЕВРО 2020

Белгија во првото славеше над Русија со 3-0, а Данска загуби минимално од Финска со 0-1, а мораше да го доигра мечот кој инаку беше прекинат поради драмата која се случи со Ериксен, а денешниот меч во знак за поддршка кон него ќе биде прекинат во 10 минута.

Како и да е, првото коло е веќе зад нас, а имаме можност да се запознаеме со изборот на обата селектори во однос на почетните состави, па речиси и да нема големи промени, освен тоа што сосема нормално Ериксен не е во можност за настап.

Данците ќе играат во формациска поставеност од 4-3-3, со тоа што ќе напаѓаат со Поулсен, Дамсгард и Брејтвајт.


Што се однесува пак до Белгија, таму има само една измена во однос на првиот меч со Русија, па наместо Бојате на стоперската позиција од првата минута ќе стартува Денајер, а фаворитот ќе игра во формациска поставеност 3-4-3 со Караско, Лукаку и Мертенс во нападот.