24фудбал

Димитриевски и покрај своето одлично издание: Не сум задоволен, не помогнав да освоиме бод

Столе Димитриевски брани одлично на ова Европско првенство, но нашиот голман вели дека не може да биде среќен кога репрезентацијата губи.

Македонија

Столе Димитриевски одбрани пенал, имаше и уште неколку фантастични интервенции, но и покрај тоа Украина победи со 2-1.

„Игравме два меча, првиот беше доста добар, имавме некои тактички грешки само. На овој втор натпревар, првото полувреме беше лошо, но во вториот дел се покажавме во нашата најдобра слика, нашата најдобра игра досега на ова Европско првенство“, вели Столе Димитриевски.

„Не сум задоволен бидејќи не помогнав да освоиме прв бод, но тоа е фудбалаот, треба да одиме до крај, да се бориме до крај сите заедно. Одбранетиот пенал не е само моја заслуга, со тренерите ги анализиравме сите нивни шутери, и овој одбранет пенал е заслуга и на сите нив“.

„Против Холандија ќе одиме да се покажеме во најдобро светло и да победиме или да освоиме бод“.