24фудбал

Причините поради кои Серхио Рамос ќе му каже збогум на Реал Мадрид

Серхио Рамос денеска ќе му каже збогум на Реал, дефанзивецот заминува од Мадрид откако не успеа да пронајде заеднички јазик со Флорентино Перез за продолжување на соработката.

Шпанија

По 16 години на „Сантијаго Бернабеу“, Серхио Рамос заминува и попладнево на прес конференција ќе каже збогум. Тој долго време преговараше за нов договор, но никако не успеваше да пронајде заеднички јазик со Флорентино Перез.

Има неколку причини зошто соработката не беше продолжена, како прво, двете страни имаа разлики за должината на договорот. Реал Мадрид остана доследен на политиката и нудеше само едногодишен договор додека пак дефанзивецот браше двегодишен договор.

Не беше најден ниту компромис за платата, Серхио Рамос одбиваше да прифати намалување и инсистираше да добие околу 12 милиони евра годишно, додека пак „кралевите“ сметаа дека ова е премногу во време на коронавирус криза.

Исто така, во последните неколку месеци имаше голема тензија помеѓу Серхио Рамос и претседателот Флорентино Перез.