24фудбал

Официјално: Гатузо по 22 дена си замина од Фиорентина

Џенаро Гатузо и Фиорентина го раскинаа договорот иако стратегот ниту на еден натпревар не ги водеше виолетовите.

Италија

Поминаа 22 дена откако Гатузо беше презентиран за нов тренер на Фиорентина, а клубот денеска објави за нивна разделба.

„Фиорентина и г-дин Рино Гатузо, заеднички одлучија да го раскинат договорот и да не ја почнат заедно следната сезона“, стои во соопштението на клубот.

Според италијанските медиуми, проблемите настанале околу политиката за трансфери, во која требало да биде вклучен и агентот на Гатузо, Жорж Мендеш.