24фудбал

Сасуоло посебно се израдува на победата на Италија над Швајцарија

Сасуоло трие раце по вчерашната победа над Италија, причината е Мануел Локатели кој бше играч на мечот.

ЕВРО 2020

Мануел Локатели имаше фантастична партија, постигна два гола и ја доби наградата за играч на мечот.

Тој од поодамна е на мета на најголемите клубови, Јувентус од поодамна се интересира за него, а во трката се приклучи и Борусија Дортмунд.

Сасуоло првично бараше 40 милиони евра за Локатели, но се верува дека по вчерашниот негов настап, цената на играчот ќе биде значително повисока.

Италијанскиот клуб очекува интересот на Локатели дополнително да се зголеми, а тоа ќе ја покачи и неговата цена.

Потегот да не го продадат пред почетокот на Европското првенство, на крајот ќе им донесе дополнителни милиони евра.