24фудбал

Лукаку: Ќе застанеме со играта во 10 минута за да му укажеме поддршка на Ериксен

Белгиецот уште во првиот меч каде постигна два гола во победата од 3-0 над Русија упати поздрав до својот добар пријател и во прославата од головите упати коментар кон камерите: Кристијан, те сакам.

ЕВРО 2020

Напаѓачот на Белгија, Ромелу Лукаку е добар пријател со својот соиграч од Интер, Кристијан Ериксен, па така посакува да го посети во болница, откако Данецот колабираше на мечот со Финска во првото коло од групната фаза на Европското првенство, а за среќа му беше спасен животот со крајни напори.

Сакам да одам да го посетам Ериксен во болница, веќе разговарав со селекторот за ова и очигледно е дека се согласи на ова“ рече Лукаку за време на денешната пресконференција во пресрет на утрешниот меч против Данска, кој се игра на стадион близу болницата каде е сместен Ериксен.

Исто така, ќе го стопираме мечот во 10 минута за да упатиме поддршка кон него, ќе му испратам порака на Кристијан утре по мечот, но сега во моментов треба да му дадам време да помине со неговото семејство“ додаде Белгиецот.