24фудбал

За разлика од Роналдо и Погба, на Наинголан не му пречи ниту еден пијалок (ФОТО)

'Ајде да се насмееме', гласеше урнебесната реакција на белгискиот фудбалер кој се пошегува на своја сметка по тоа што го сторија Роналдо и Погба.

Италија

Сиот фудбалски свет го виде потегот на првата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо кој за време на пресконференција одлучи да го тргне шишенцето со „Кока Кола“, а порача наместо тој пијалок, да се пие вода, а по него следеше идентична реакција на Французинот Пол Погба кој тргна пиво.

На сево ова, на социјалните мрежи реагираше фудбалерот на Каљари, Раџа Нианголан кој стави јасно дознаење дека не му пречи ниту еден пијалок, па ја насмеа јавноста.