24фудбал

Алаба во одбрана на Арнаутовиќ: Тој изнаслуша многу повеќе дофрлања кон него, отколку тоа што го кажа

УЕФА донесе конечна одлука во врска со случајот со Марко Арнаутовиќ, а му врачи суспензија од еден меч на Европското првенство на австрискиот напаѓач.

ЕВРО 2020

Австрија ја победи Македонија со 3-1 во првото коло од групната фаза на Европското првенство, а мечот го одбележа скандалот кој го предизвика Марко Арнаутовиќ, кој откако погоди за потврда на победата упати навреди кон нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Арнаутовиќ доби суспензија за тоа што го стори, но капитенот на Австријците, Давид Алаба застана во негова одбрана, тврдејќи дека неговиот соиграч претрпел многу дофрлања на негова сметка претходно.

Во тие моменти јас не успеав да забележам дека постоеше војна на зборови, меѓутоа го прославив голот заедно со него“ рече Алаба, кој признава дека Арнаутовиќ наседнал на провокациите.

Арнаутовиќ и самиот знае дека дозволи да биде испровоциран, а на крајот да реагира со емоции“ додаде тој.

Пред тој настан, тој изнаслуша многу повеќе коментари и дофрлања кон него, отколку тој самиот што го кажа во таа ситуација“ нагласи капитенот на Австријците.