24фудбал

Почетни состави: Манчини со проверени сили против Швајцарија, но и со една принудна измена (ФОТО)

Интересен е фактот што последните три меча помеѓу овие две селекции завршил нерешено, но повеќе од јасно е дека „Аѕурите“ вечерва се апсолутни фаворити.

ЕВРО 2020

Со вечерашниот меч помеѓу Италија и Швајцарија ќе се заокружат возбудувањата од второто коло во групата „А“ од Европското првенство каде предмалку Велс славеше победа над Турција со 2-0.

Веќе имаме можност да ги проследиме почетните состави на обете селекции, па од тоа што можеме да го забележиме, селекторот на Италија, Роберто Манчини од првата минута тргнува со проверени сили, но и со една принудна измена во тимот.

Поради повреда, на местото на Флоренци ќе стартува Ди Лоренцо, а останатото е истиот избор како во пресметката со Турција каде „Аѕурите“ славеа со убедливи 3-0, денеска тие ќе играат во офанзивна формациска поставеност од 4-3-3, со Берарди, Имобиле и Инсиње во нападот, што всушност е идентична поставеност од претходно.


Што се однесува пак до почетниот состав на Швајцарија, Владимир Петковиќ се реши за формација 3-4-1-2, со тоа што Шаќири ќе биде поддршка зад напаѓачите Емболо и Сеферовиќ.


Велс моментално е лидер во оваа конкуренција со досега освоени 4 бода, Италија и Швајцарија со по еден меч помалку имаат 3, односно 1, а Турција е засега без бодови по два одиграни натпреваир.