24фудбал

Бејл креатор во победата на Велс против Турција (ВИДЕО)

Велшаните ги задржаа шансите за пласман во нокаут фазата на Европското првенство откако се изборија за сосема заслужен триумф над Турција денеска во пресметката која се одигра во Баку, Азербејџан.

ЕВРО 2020

Велс дојде до триумф од 2-0 против Турција во второто коло од групата „а“ на Европското првенство, па така по ремито против Швајцарија со 1-1, Велс за момент се искачи на првото место на табелата со 4 бода.

Голот со кој беше најавен триумфот на Велшаните беше дело на Арон Ремзи кој во 42 минута од мечот прими доста употреблива топка по асистенцијата на Герет Бејл, а фудбалерот на Јувентус од свртување на убав начин погоди за почетно водство за победничкиот табор.

Велс можеше да стави печат на победата уште во 61 минута кога Бејл изнуди пенал, кој не успеа сам да го претвори во гол, а неговиот обид беше доста непрецизен откако топката заврши далеку над голот.

Во самиот финиш нова мајсторија на Бејл откако имаше успешен продор по кој асистираше до Робертс за конечни 2-0 од оваа пресметка за Велс.


Со почеток од 21 часот во истата конкуренција силите ќе ги одмерат Италија и Швајцарија.