24фудбал

Прекрасен гол на Миранчук, Русија до минимална победа над Финска (ВИДЕО)

Русија славеше над Финска со 1-0, Алексеј Миранчук прекрасно погоди во судиското надополнување на првиот дел и донесе три важни бода за „зборнајата“.

ЕВРО 2020

Во првиот натпревар од 2. коло во Група Б, Русија стигна до минимална победа од 0-1 над Финска. 

„Бело-сините“ добро го отворија натпреварот и поведоа по пет минути игра со голот на Похјанпало, но радоста им беше скратена откако ВАР забележа минимален офсајд.

Двете репрезентации потоа имаа свои шанси а публиката во Санкт Петербург се израдува во судиското надополнување на првиот дел, Алексеј Миранчук прекрасно погоди за 0-1.

Во продолжението од мечот, Финска се обиде да стигне до бод, Пуки имаше два обиди, но голманот и одбраната на Русија добро реагираа.

На спротивната страна, Русија преку контри имаше прилика предвреме да го реши победникот, но тоа не се случи па имаше неизвесност до самиот крај.

Нов гол сепак не падна, па Русија се радуваше на првата победа на ЕВРО 2020 и три важни бода во битката за осмина-финале.