24фудбал

Потегот на Роналдо ја чинеше Кока-кола четири милијарди долари! (ВИДЕО)

Акциите на Кока-кола паднаа по потегот на Кристијано Роналдо на прес-конференцијата кога ги тргна шишињата кои беа пред него и порача дека треба да се пие вода.

ЕВРО 2020

На прес-конференцијата во пресрет на мечот против Унгарија, Кристијано Роналдо ги тргна шишињата со Кока-кола кои беа пред него и порача дека треба да се пие вода.


Ваквиот потег на Португалецот беше удар за акциите на Кока-кола, вредноста на компанијата падна за неверојатни 4 милијарди евра.

Една акција на Кока-кола пред пресот чинеше 56,1 долар, а по потегот на Роналдо падна на 55,2 долари.

Тоа е 1,6 проценти пад, што значи намалување на вкупната вредност на Кока-кола за 4 милијарди евра.

Вкупната вредност на Кока-кола е 238,35 милијарди долари.

Кристијано Роналдо не само што не конзумира производи со фабрички шеќер, туку не им дава и на своите деца. Тие имаат изјавено дека може да се напијат Кока-кола или да јадат чоколадо само кога татко им е на пат. Португалецот строго внимава на исхраната и на фитнесот, затоа игра во голема форма и покрај годините.