24фудбал

Манчини смета дека ПСЖ е добар избор за Донарума

Манчини тврди дека нема информации за тоа што ќе се случи со младиот голман, меѓутоа додава дека ПСЖ би бил одличен избор за него.

Италија

Селекторот на Италија, Роберто Манчини го уверува голманот на „Аѕурите“, Џанлуиџи Донарума дека би направил добар избор доколку се приклучи на францускиот вицепрвак ПСЖ.

Не знам што ќе се случи, не сум разговарал со него на оваа тема“ рече Манчини.

Донарума е одличен голман, а доколку направи трансфер во ПСЖ, тоа би било одличен избор за него, станува збор за голем клуб“ додаде Манчини.

Донарума на само 22 години е дел од најдобрите голмани во светот на фудбалот на денешницата, а си заминува од Милан како слободен агент на трансфер пазарот, со тоа што договорот му истекува овој месец.