24фудбал

Ериксен му донесе лошо потсетување на Блинд, се двоумел дали да игра против Украина (ВИДЕО)

Холандскиот дефанзивец не крие дека за момент се двоумел дали воопшто да настапи во дресот на „Лалињата“ против Украина по тоа што му се случи на Ериксен.

ЕВРО 2020

Дефанзивецот на Холандија, Дејли Блинд одигра 64 минути за „Лалињата“ во победата против Украина од 3-2 во првото коло од групите на Европското првенство, но тој размислувал дали воопшто да настпаи на тој меч.

Тоа што се случи ме шокираше премногу, не поради фактот што Ериксен ми е близок пријател, туку поради тоа што мене ми се случи“ рече Блинд.

Размислував да не играм вечерва, требаше да преземам еден голем чекор напред од ментален аспект“ додаде Холанѓанецот.

Сиот фудбалски свет се уште е шокиран од случајот со Кристијан Ериксен кој колабираше на мечот помеѓу Данска и Финска, а со крајни напори беше спасен неговиот живот, а познато е дека Блинд имаше срцеви проблеми поради кои мораше да паузира неколку месеци, за што му беше вграден дефибрилатор кој во еден момент лани дури и му откажа, по што Блинд на тогашниот пријателски меч помеѓу Ајакс и Херта се струполи на теренот.

Инаку Блинд синоќа со солзи во очите го напушти теренот.