24фудбал

Меси е загрижен: Ризик е за сите нас

Копа Америка стартуваше со убедливата победа на Бразил против Венецуела со 3-0, како и минималниот триумф на Колумбија против Еквадор.

Јужна Америка

Првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси не крие дека е загрижен за актуелната ситуација со ковид-19 во Бразил, каде ќе се одигра овогодинешната Копа Америка.

На Бразил му беше доверена улогата за домаќин на ова јужно американско натпреварување, откако Аргентина и Колумбија отпаднаа поради крајно неповолната слика со пандемијата во тие земји.

Сите сме загрижени за ситуацијава бидејќи навистина е ризик за сите нас да не се заразиме со ковид-19“ рече Меси во пресрет на мечот против Чиле.

Иако се обидуваме да ги послушаме сите совети кои ќе ни бидат упатени, сепак, не е лесно, бидејќи потоа се случуваат карантини во тимовите, односно постои ризик за такво сценарио“ додаде тој.

Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нас за тоа да не ни се случи, меѓутоа понекогаш тоа и не зависи само од нас, а семоже да се случи“ подвлече 33 годишниот Меси.