24фудбал

Милан ќе ги послуша своите навивачи, капитентската лента за Кјаер

32 годишниот стопер кој инаку е капитен на данскиот национален фудбалски состав, изминатата сезона ја одбележа со 28 настапи во дресот на „Росонерите“ во Серија А, на кои постигна и два гола.

Италија

Навивачите на италијанскиот вицепрвак Милан зачестија со барањата до клубот, за истиот да му ја довери капитентската лента на дефанзивецот Симон Кјаер, а „Газета дело Спорт“ известува дека клубот од Милано ќе го послуша нивниот совет.

Хаштагот #КјаерКапитен за момент стана главна тема помеѓу навивачите на Милан, но и секако привлече огромно внимание во јавноста, откако стоперот се покажа како херој во драмата за битката за животот на Кристијан Ериксен.

Како што е познато, Ериксен колабираше на мечот против Финска на Европското првенство и падна како покосен на теренот, а прв кој му прижи помош беше токму Кјаер, кој го подготви теренот за медицинските лица кои потоа со крајни напори му го спасија животот на Данецот, кој веќе е во стабилна состојба, а ја имаше и првата изјава за јавноста по сите случувања.