24фудбал

Зидан му се налути на упорен новинар: Се знаеме лично, а секогаш истото се случува (ВИДЕО)

Францускиот фудбалски стратег ги загуби нервите по честите, а веројатно исти прашања од еден новинар, па го повика да разговараат без камера.

Шпанија

Новинар не сакаше да се откаже, а да не дознае нешто повеќе лично од Зинедин Зидан за неговата разделба со Реал Мадрид, меѓутоа неговата упорност заврши со нервозна реакција кај францускиот фудбалски стратег.

Во видеото кое го објави „Директо Гол ТВ“ Зидан беше запрашан од упорниот новинар околу неговата искреност во писмото кон навивачите на „Кралскиот клуб“ по повод неговото заминување од клубот, а клучното прашање беше на каков начин си заминал.

Дали и понатаму ќе продолжиш да ми ги поставуваш истиве глупави прашања? Твојата работа е засрамувачка, секогаш е истото со тебе, се знаеме лично, а секогаш истото се случува“ му рече Зидан.

Ти дојди со мене, дојди да разговараме, а ти замини си“ додаде Зидан.