24фудбал

Арнаутовиќ се извини и на македонски и на албански (ФОТО)

Марко Арнаутовиќ преку социјалните мрежи се извини за неговиот непримерен гест по постигнувањето на погодокот против Македонија откако претходно тоа го направи и преку медиумите.

ЕВРО 2020

Преку стори на својот инстаграм профил, Арнаутовиќ се извини за тоа што го направи. На крајот напиша „извинете“ и на македонски и на албански.

„Вчера имаше некои жестоки зборови кажани во емоции на натпреварот за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам една работа јасно: Не сум расист! Имам пријатели од речиси секоја земја и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“, напиша Арнаутовиќ.