24фудбал

„Ова е крајот на фудбалската кариера за Ериксен, тоа го налагаат и италијанските закони“

И повеќе од веројатно е дека Ериксен заврши со својата фудбалска кариера, а доколку се точни најавите на првиот кардиолог во Велика Британија, тоа би значело дека фудбалерот на Интер би завршил со фудбалот на 29 години.

Останато

Кристијан Ериксен тешко дека би можел да продолжи со активното играње фудбал, а италијанските закони налагаат тој да биде суспендиран во случај да се утврди срцев напад, сево ова го тврди водечкиот кардиолог во Велика Британија, Д.р Скот Мареј.

Данецот колабираше на сред меч со Финска вчера, а за среќа на крајот неговиот живот беше спасен откако медицинскиот персонал успешно го реанимираше фудбалерот.

Повеќе од веројатно е дека ова е крајот на неговата кариера, Италијанците веднаш ги суспендираат спортистите од активно учество во спортување доколку се утврди срцев напад, тоа е во нивните закони“ вели Др. Мареј, кој инаку е водечки советник во британското ХНС, кој воедно е кардиолог специјалист за спречување на срцеви болести и проблеми.

Италијанците тоа го практикуваат долго време, повеќе од 20 години, а со самото тоа ја намалија смртната стапка од срцеви напади во спортот кој изнесуваше над 3%, сега е под 1%“ додава тој, а тврди дека се направени сите тестови врз Данецот претходно.

Тој игра за италијански клуб, со самото тоа над него се извршени сите потребни медицински прегледи пред да почне таму, Италијанците се најдобрите по ова прашање за скрининг на срцето и слично“ заклучи Др. Мареј.