24фудбал

Сон посвети гол за Ериксен: Те сакам (ВИДЕО)

Ниту Кореецот не го заборави својот добар пријател, но и екс соиграч од Тотнем за кого се моли сиот фудбалски свет во моментов, а информациите засега говорат дека неговата состојба е стабилна во болницата во Копенхаген.

Останато

Офанзивецот на Тотнем, Сон Хјунг-мин својот гол за Јужна Кореја го посвети за својот драг пријател, како и поранешен соиграч од редовите на Премиерлигашот, Кристијан Ериксен кој вчера колабираше на теренот во мечот за својата Данска против Финска на Европското првенство.

Кристијан Ериксен. Те сакам“ гласеше пораката на Сон кон камерата, со тоа што Кореецот направи сличен гест како и Ромелу Лукаку во голот против Русија.


За гестот на Сон кон Ериксен секако пренесе и Тотнем.