24фудбал

Донарума во текот на ЕП ќе направи медицински тестови за да потпише за ПСЖ

Во текот на викендов е најавено дека Џиџо Донарума ќе има медицински тестови по кој ќе го комплетира трансферот во ПСЖ.

Италија

И за време на Европското првенство ќе се прават трансфери на фудбалери, без разлика што тие настапуваат за своите селекции.

Еден таков пример е Донарума кој наскоро треба да го комплетира трансферот во ПСЖ.

Викендов се очекува тој да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со богатиот француски клуб.

Донарума се поврзуваше и со Барселона и Јувентус, но тие не можеа да му го дадат она што може ПСЖ, плата од околу 12 милиони евра годишно.

Иако ќе го ангажира Донарума, ПСЖ не планира да се откаже од Кејлор Навас, двајцата елитни голмани ќе се борат за стартната позиција.