24фудбал

Грците се жалат на УЕФА за македонските дресови!

Пред самиот старт на Европското првенство, Грците се пожалиле до УЕФА за логото на ФФМ кој се наоѓа на дресовите на македонската репрезентација.

ЕВРО 2020

Грција не е на Европското првенство, но најде начин како да учествува во него, Грците се пожалија до УЕФА за македонскиот дрес.

Неколку часа пред почетокот на Европското првенство, грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис испратил писмо со жалба до претседателот на УЕФА, Александер Чеферин за логото на ФФМ кое се наоѓа на македонските дресови.

На Грците им смета тоа што ФФМ е кратенка од Фудбалска федерација на Македонија. Според нив тоа е спротивно на договорот помеѓу двете земји потпшан во 2018 година. 

Во жалбеното писмо тие велат дека може да стои СМ (Северна Македонија) или РСП (Република Северна Македонија), но не и ФФМ.

Слично жалбено писмо испратил и грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас до неговиот колега од Македонија.