24фудбал

Пандев: Сакам како капитен да се обратам на целата нација, оваа генерација... (ФОТО)

Горан Пандев пред самиот почеток на Европското првенство преку својот инстаграм профил се обрати до македонската јавност.

Македонија

Капитенот има нешто да каже пред почетокот на Европското првенство на кое настапува Македонија.

„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство... денот кој го сонував долго време низ мојата кариера... Македонија да игра на едно големо натпреварување... Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација... Сакам како капитен да ви се обратам на целата нација: Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија... Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме исторја. Бидете со нас  навивајте за Македонија!“, напиша Горан Пандев на својот инстаграм профил.

Горан Пандев и останатите наши момци во недела на „Националната арена“ во Букурешт ќе го имаат своето деби на Европските првенства.