24фудбал

Мијатовиќ: Секоја чест за Македонија

Легендата на црногорскиот фудбал, Предраг Мијатовиќ има убави зборови за македонската репрезентација пред настапот на Европското првенство.

ЕВРО 2020

Македонија и Хрватска се единствените селекции од поранешна Југославија кои ќе играат на Европското првенство. Ова е посебно голем настан за нашата репрезентација која за првпат учествува на голем фудбалски турнир.

„Самото учество на Македонија на ЕП е голем подвиг. Тоа треба максимално да се почитува. Кога веќе ќе дојдете на едно такво натпреварување и кога станува збор за една таква репрезентација се е возможно. Можно е да изненадат, што е многу нормално и легитимно, но од друга страна може да се случи и да не бидат на нивото на кое беа во квалификациите и на почетокот од квалификациите за СП. Мораме да почекаме да го видиме првиот натпревар, да видиме како ќе се обидат да изборат позиција во групната фаза. А потоа се е можно. Нивното учество е голем успех и сакам да му честитам на селекторот, играчите и претседателот на ФФМ. Секоја им чест“, вели Мијатовиќ за „Вијести“.