24фудбал

Историска групна фотографија на македонската репрезентација (ФОТО)

Македонските фудбалери во Букурешт ги прават завршните подготовки за стартот на Европското првенство, а денеска беше направена и групната фотографија.

Македонија

Македонските фудбалери во одлична атмосфера се подготвуваат за дебито на Европските првенства против Австрија во недела.

Денеска на стадионот на Стеауа каде што ги имаат тренинзите, ја направија и групната фотка, на неа е и Илија Несторовски иако поради повреда нема да може да им помогне на своите соиграчи.