24фудбал

Само седум фудбалери на Реал Мадрид се недопирливи

Весникот АБЦ пренесува дека само седум фудбалери на Реал Мадрид се недопирливи, раководството на „кралевите“ има јасни идеи и новиот проект ќе се гради околу Куртоа, Алаба, Милитао, Крос, Модриќ, Винисиус и Бензема.

Шпанија

Откако Зинедин Зидан реши да замине и на негово место беше донесен Карло Анчелоти, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде започнат нов проект и се најавуваат голем број промени.

Како што пренесува АБЦ, само седум фудбалери се недопирливи. Се работи за Куртоа, Алаба, Милитао, Крос, Модриќ, Винисиус и Бензема.

Весникот додава дека списокот може да биде проширен за две додатни имиња, односно Касемиро и Федерико Валверде.