24фудбал

Давид Бабунски си замина од Виторул

Некогашната голема надеж на македонскиот фудбал кој добиваше совети дури и од Пеп Гвардиола во Барселона, остана без клуб.

Македонија

Романскиот прволигаш Виторул ја прекина соработката со четворица фудбалери од својот состав, меѓу кои се најде и 27 годишниот македонски интернационалец Давид Бабунски.

Бабунски потпиша за Виторул во зимскиот преоден рок, меѓутоа не го одработи својот договор до крај, а истиот имаше важност до 2023 година, а раскинот на договорот се случил спогодбено помеѓу обете страни.

Изминатата сезона македонскиот фудбалер одигра само четири меча во дресот на Виторул, а запиша една асистенција во сезона каде тимот од Констанца играше во групата за обезбедување опстанок во романската Лига 1, а клубот успеа да остане во елитната конкуренција од тоа првенство.