24фудбал

Францускиот претседател „лобира“ Мбапе да остане во ПСЖ

Селекцијата на Франција во воведното коло од Европското првенство ќе ги одмери силите со Германија во понеделник, а избраниците на Дешам несомнено се едни од главните фаворити за освојување на европскиот турнир.

Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон јавно порача дека посакува Килијан Мбапе да остане во редовите на ПСЖ, бидејќи тоа не е добро само за клубот, туку и општо за француската лига.

Макрон го посети националниот тим на „Триколорите“, а на фудбалерите им посака среќа за претстојното Европско првенство каде се едни од главните фаворити.

Сакам фудбалерите да се фокусираат на Европското првенство, нема да зборувам за иднината на фудбалерите“ рече Макрон во изјавата за „БФМ ТВ“, но потоа јавно ја откри својата желба за Мбапе.

ПСЖ е голем клуб, клуб кој добро знае како да учествува во развојот на фудбалерите, а со самото тоа важно е тој да остане во ПСЖ, тоа не е важно само за клубот, туку и општо за француската лига“ додаде претседателот на Франција.

Не сакам да ставам притисок на оваа тема, тоа се сепак лични одлуки, а јас ги почитувам истите“ заклучи Макрон.