24фудбал

„Газета дело Спорт“ ја промени бојата во знак на поддршка за настапот на Италија на ЕП (ФОТО)

Нема дилеми дека составот на Манчини е фаворит од сенка на претстојниот европски турнир, откако „Аѕурите“ запишаа серија од цели 23 меча без пораз.

Италија

На Италија и требаше одреден период за рехабилитација по шокот кој го доживеа оваа фудбалска нација откако не успеа да се пласира на последното Светско првенство, а загуби во баражот од Шведска.

Се чини дека Роберто Манчини добро ги засука ракавите, потребно беше трпение за да се реализира успешно промената на генерацијата кај „Аѕурите“, а многумина велат дека Манчини ја заврши таа мисија успешно.

Со вечерашната пресметка помеѓу Италија и Турција се отвора Европското првенство, а во Италија сосема разбирливо владее еуфорија, со тоа што многумина чувствуваат дека оваа селекција може да се врати помеѓу најдобрите.

Дека расположението во Италија сега е на едно мошне повисоко ниво, но и довербата во националниот тим, доволно говори насловната страна на „Газета дело Спорт“, откако весникот од традиционалната розева боја за момент се префрли на плавата како поддршка до своите фудбалери.

Ние сите сме Аѕури“ – гласеше пораката на познатиот италијански весник.