24фудбал

Откриена астрономската плата на Џејдон Санчо во Манчестер јунајтед

Џејдон Санчо ќе стане еден од најплатените на Олд Трафорд и во Премиерлигата доколку се пресели во Манчестер јунајтед, напаѓачот со „ѓаволите“ договорил плата од 350.000 фунти неделно.

Англија

Неколку извори во текот на вчерашниот ден пренесоа дека Џејдон Санчо се договорил со Манчестер јунајтед и „ѓаволите“ доставиле понуда до Борусија Дортмунд. Се шпекулира дека разликата помеѓу двата клуба е околу 20 милиони евра, но се очекува да биде пронајден компромис и Англичанецот да се врати во Премиерлигата.

Што се однесува до неговиот договор, Гардијан пренесува дека Џејдон Санчо ќе добие неделна плата од 350.000 фунти со што ќе стане еден од најплатените на Олд Трафорд, само Давид Де Хеа ќе има поголеми примања.

Со ваква сума, Џејдон Санчо ќе биде и помеѓу тројцата најплатени во Премиерлигата (заедно со Давид Де Хеа и Пјер Емерик Обамејнаг).