24фудбал

Соиграч на Пандев во притвор, обвинет за силување девојка

Соиграчот на Горан Пандев, Маноло Портанова заврши во домашен притвор откако е обвинет дека заедно со уште неколку лица силувале 22 годишна девојка од Сиена.

Италија

Маноло Портанова од Џенова и две други лица се поставени во домашен притвор откако 22 годишна девојка ги пријавила за силување. Инцидентот се случил на домашна забава во Сиена, а под истрага се уште неколку лица, помеѓу кои и роднина на фудбалерот.

Едно од другите две лица кои се во домашен притвор признал дека имал сексуален однос со девојката но потенцирал дека се работело за согласен сексуален однос. Другото лице и Маноло Портанова во моментов го користат правото да не одговараат на прашањата од обвинителството.

Маноло Портанова, кој е син на поранешниот фудбалер Даниеле Портанова, помина неколку години во школата на Јувентус за на почетокот од годинава да ја напушти „старата дама“ и да се пресели во Џенова за 10 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра.