24фудбал

Ништо од Евертон, Мојс уште три години во Вест Хем

„Карамелите“ останаа со празни раце во обидите да го вратат Мојс назад откако си замина Анчелоти, тој наводно веќе се согласил на нов договор со Вест Хем.

Англија

По интересот од Евертон, Вест Хем сега се обидува брзо да го реши прашањето со иднината на Дејвид Мојс, па така на Островот пишуваат дека тој се согласил на продолжување на соработката на дополнителни три години.

Евертон го постави Мојс на листата на желби за наследник на Карло Анчелоти кој замина во Реал Мадрид, а 58 годишниот Мојс го забележа вториот најдобар пласман на „Чеканите“ во Премиерлигата, со тоа што клубот од Лондон заврши во топ шесте клуба, а се квалификуваше и за Европа за идната сезона.

Веста дека Мојс продолжува со Вест Хем сигурно ќе ги израдува фановите на овој клуб кои за момент стравуваа дека тој би можел да се врати во Евертон.

Мојс ќе има и полни раце работа во летниот преоден рок, со тоа што веќе постави цел во клубот да се ангажира напаѓачот на Челси, Тами Абрахам, но и фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, кој беше на позајмица во „Чеканите“ и остави големи импресии.