24фудбал

„Левата нога на Пандев е многу опасно оружје, само Меси изведува подобро слободни удари од Барди“

„Еуроспорт“ направи листа од девет фудбалери од помалите земји на Европскокто првенство кои треба да се следат, меѓу нив се Горан Пандев и Енис Барди.

Македонија

Новинарот на „Еуроспорт“, Пит Шарленд, направи листа од девет играчи кои доаѓаат од земји кои не се меѓу фаворитите на Европско првенство, но треба да се следат. На листата се Горан Пандев и Енис Барди.

Горан Пандев

„Пандев е четвртиот најстар фудбалер на турнирот. Можеби за некои е изненадување да го види Пандев дека игра и покрај тоа што има 37 години, но тој не само што игра туку како капитен е клучен за Македонија“.

„Се разбира доколку бевте на социјалните медиуми минатата репрезентативна пауза ќе видевте неверојатни сцени, како Пандев помогна Македонија да ја шокира Германија, што е вистински показател за нивниот талент“.

„Брзината на Пандев моожеби веќе ја нема, но тој работи екстремно напорно, и се разбира неговата лева нова се уште е многу опасно оружје. Тој вообичаено е еден од двајцата напаѓачи во формација 3-1-4-2/5-3-2 што им дава слобода на Барди и Елмас. Потценете ја само Македонија и ќе го видите Пандев“.

Енис Барди

„Приказната за Барди е фасцинантна. Тој е роден во Скопје од албански татко и косовска мајка. Тој блесна во локалниот тим Шкупи и доби повик од младинскиот погон на данскиот гигант Бромби. Работите не одеа добро па отиде во шведската втора лига пред да замине во Унгарија, а потоа во Ла Лига, во Леванте“.

„Барди е вистински технчар, ги иизведува сите прекини. Откако е дојден во Шпанија, ниту еден играч освен Меси нема дадено повеќе голови од слободен удар од него. Има страшен удар од далечина. Имаме чувство дека се уште не сме го виделе најдоброто од Барди и ова може да биде неговата забава“.

„Една работа која треба да се знае е дека Барди беше позитивен на ковид-19. За среќа тој немаше симптоми и во Македонија се надеваат дека ќе биде комплетно подготвен за турнирот откако ги пропушти пријателските мечеви. Ако играте фантази, земете го Барди“.

Покрај нашите двајца фудбалери, во тимот се уште и Бурак Јилмаз (Турција), Илај Забарни (Украина), Етан Ампаду (Велс), Александр Головин (Русија), Јонас Винд (Данска), Озан Туфан (Турција), Каспер Козловски (Полска).