24фудбал

Мурињо: Дали разговарав со Реал Мадрид минатата недела? Со Реал Мадрид разговарам цело време

Жозе Мурињо открива дека постојано е во комуникација со луѓето од неговиот поранешен клуб Реал Мадрид.

Шпанија

Се појавија гласини дека Реал Мадрид пред да го назначи Карло Анчелоти за нов тренер го контактирале Жозе Мурињо. Но Португалецот ги одбил бидејќи веќе потпиша за Рома.

Мурињо беше прашан дали е вистина дека контактирал со Реал Мадрид минатата недела.

„Дали сум зборувал со Реал Мадрид минатата недела? Со Реал Мадрид зборувам цело време. Ние сме блиски пријатели, претседателот, извршниот директор... зборуваме цело време. Навистина сум горд на тоа. Секогаш кога тие имаат успеси, јас сум многу среќен за нив“, изјави Мурињо.