24фудбал

Зошто сите репрезентации не се вакцинираа пред ЕП!?

Поранешниот главен доктор на италијанската репрезентација, Енрико Кастелаци не може да сфати зошто немаше барање од УЕФА, фудбалерите да бидат вакцинирани пред Европското првенство.

ЕВРО 2020

Денеска започнува Европското првенство, а за некои фудбалери е нејасно дали ќе почнат и кога би можел да се приклучат поради ковид-19. 

Во шпанската репрезентација позитивен е Бускектс, но позитивен, па негативен тест имаше Љоренте, денеска ќе се знае неговата состојба. Во шведската селекција позитивни се Кулушевски и Сванберг.

„Не можам да разберам зошто УЕФА не побара вакцинација за ЕВРО 2020, како што е побарано за Олимписките игри“, вели Кастелаци за „Радио Пунто Ново“.

„Ако повеќето селекци се вакцинирани, и противниците имаат помалку ризик да се заразат. Веќе видовме некои случаи, а можеби ќе има и повеќе“.