24фудбал

Лаутаро се повлече од преговорите со Интер, неговиот агент „флертува“ со Барселона

Агентот во изјавата за „Спорт“ не крие дека Барселона и натаму останува во плановите на аргентинскиот напаѓач кој изминатата сезона постигна 19 погодоци и 11 асистенции во сите конкуренции..

Италија

Агентот на Лаутаро Мартинез потврди дека тие ја одбиле можноста за продолжување на договорот на аргентинскиот напаѓач со италијанскиот првак, а „флертуваше“ со идејата за трансфер на неговиот клиент во Барселона.

Ние сме смирени, но мораме да ја решиме ситуацијата со Интер најпрво, но секако дека тој би сакал да се приклучи на Барселона“ рече Алехандро Камано.

Кој не би сакал да игра за Барселона? Тоа е еден од најголемите клубови во светот“ додаде тој.

„Не знам што се случи ланската година, Лаутаро ми рече дека неговиот поранешен агент му зборувал за Барселона, но сето тоа било збунувачки, во моментов треба да се запознаеме добро со проектот на Интер, но и да ги разгледаме понудите кои ќе пристигнат“ подвлече агентот.

Лаутаро и ланското лето се поврзуваше со Барселона, меѓутоа со оглед на тешката ситуација во која се најдоа Каталонците во однос на финансиската криза предизвикана од коронавирусот, Аргентинецот на крајот остана во Интер.