24фудбал

УЕФА ја прифати жалбата на Русија, Украина ќе мора да го отстрани спорниот слоган на дресот

Патриотската фраза ќе мора да биде отстранета на дресовите на Украина, откако од куќата на европскиот фудбал ја прифатија жалбата на Русија пред самиот старт на Европското првенство.

ЕВРО 2020

„Слава на хероите“ нема да остане на дресовите на Украина за претстојното Европско првенство, откако од УЕФА донесоа одлука таа фраза да биде отстранета од нивните дресови.

Образложението на европската фудбалска федерација е дека фразата има политичка позадина, па така, комбинацијата на двете фрази „Слава на Украина“, заедно со „Слава на хероите“ се вели дека има политичка позадина.

Првиот човек на украинскиот фудбал, Андриј Павленко најави дека ќе продолжат разговорите со УЕФА околу оваа тема, а Русите не успеале да издејствуваат отстранување на украинската мапа на која е вклучен Крим, поради фактот што Обединеците Нации се уште го водат како дел од Украина.