24фудбал

Џани најде начин како да се забавува, влезе во полициско возило (ФОТО)

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација е во финални подготовки за дебитантскиот настап на едно големо натпреварување.

Македонија

Езгјан Алиоски едноставно не мирува, како во Лидс, така и во нашата репрезентација, тој секогаш наоѓа начин како да внесе позитивна енергија во тимот, а последно нешто што стори е тоа што влезе во полициско возило во Букурешт, Романија.

Во недела Македонија ќе ги одмери силите против Австрија во првото коло од групната фаза на Европското првенство, а мечот е предвиден да се одигра во романската престолнина Букурешт.