24фудбал

Манчестер јунајтед почна преговори за продолжување на соработката со Погба

Рајола во декември лани тврдеше дека неговиот клиент повеќе не сака да игра во дресот на Манчестер јунајтед, меѓутоа извесно е дека се случил пресврт на таа тема.

Англија

Манчестер јунајтед одново е во преговори со Пол Погба за продолжување на соработката, односно нов договор за 28 годишниот Французин чиј активен договор веќе влегува во финалната година.

Подолго време за фудбалерот од средниот ред се шпекулира дека е на излезна врата од „Олд Трафорд“, меѓутоа работите се променија, па стана еден од клучните во идеите и плановите на тренерот Оле Гунар Солшер.

„Скај Спортс“ известува дека Манчестер јунајтед веќе ги контактирал претставниците на Погба, а преговорите со контроверзниот агент Мино Рајола се веќе започнати.

„Црвените ѓаволи“ инаку ја искористија опцијата да го продолжат договорот на фудбалерот на дополнителни 12 месеци, а одлуката во клубот падна откако Рајола јавно тврдеше дека Погба сака да се раздели со Премиерлигашот.