24фудбал

Официјално: Вајналдум потпиша за ПСЖ

Веќе нема дилеми за тоа каде ќе оди Вајналдум, тој денеска го комплетираше трансферот во ПСЖ.

Франција

Џеорџино Вајналдум се очекуваше да потпише за Барселона, но пред да го стори тоа псж го предомисли со побогата понуда, па тој го одбра францускиот клуб.

„ПСЖ со задоволство може да соопшти дека потпиша со Џеорџино Вајналдум. Холандскиот репрезентативец кој доаѓа од Ливерпул, потпиша до 30 јуни 2024“, стои во соопштението на францускиот клуб.

Се верува дека годишната плата на Вајналдум во ПСЖ ќе изнесува 9,5 милиони евра.