24фудбал

Навивачите на Лацио направија „корекција“ на изгледот на муралот со Мурињо (ФОТО)

Познато е колку стравствен пушач е италијанскиот фудбалски стратег, а според случувањата во Рим, дефинитивно ќе имаме можност да следиме големо дерби помеѓу долгогодишните лути ривали.

Италија

Навивачите на Лацио го вандализираа муралот за Жозе Мурињо во Рим на кој португалскиот фудбалски стратег, инаку нов тренер на лутиот ривал Рома вози веспа.

Лицето на Португалецот сега е покриено од чадот од цигарата која ја пуши Маурицио Сари, инаку новиот тренер на Лацијалите.

Муралот беше креиран веднаш по назначувањето на Мурињо за нов тренер на Рома, лутиот градски ривал на Лацио, чии навивачи сега најдоа начин како да го стават во втор план.