24фудбал

Конте не бил убеден од проектот на Тотнем: Доколку проблем или опсесија ми биле парите...

Искусниот италијански фудбалски стратег за момент го врати Скудетото во Милано на кормилото на „Нероаѕурите“, а веднаш потоа си замина, меѓутоа не пронајде заеднички јазик во преговорите со „Спарси“.

Англија

Довчерашниот тренер на Интер, Антонио Конте посочи дека не бил убеден во проектот на Тотнем, откако пропаднаа преговорите со Даниел Леви за да го преземе кормилото на таа екипа по заминувањето на Жозе Мурињо кој се пресели во Рома.

Дозволете ми да кажам дека доколку мојот проблем или опсесија биле парите, во минатото јас ќе останев таму каде што бев, би прифатил компромиси, а можеби и нови договори, меѓутоа, наместо тоа, јас постојано ги разгледував проектите, а би преферирал да останам во мојот дом доколку тие не ме убедат“ вели Конте.

Генерално, јас сум човек кој посакува предизвици, јас докажав со тоа што постојано прифаќав многу од нив, бидејќи дури и во големите клубови доколку постои нешто кое не ме убедува, преферирам да кажам не, благодарам“ додаде италијанскиот фудбалски стратег.

Тотнем се наоѓа во доста незавидна ситуација, а освен проблемот со тренерската позиција, клубот си има и мака како да ја задржи првата ѕвезда во својот состав, Хари Кејн, за кого се верува дека посакува да си замине во обидот да се бори за трофеи во својата кариера.