24фудбал

Бенитез прв кандидат за клупата на Евертон

Евертон ги прекина преговорите со Нуно Еспирито Санто откако довчерашниот тренер на Вулверхемптон изнел високи барања во преговорите со „Карамелите“, кои имаат еден голем фаворит за таа позиција.

Англија

Рафа Бенитез го предводеше Ливерпул во периодот од 2004 до 2010 година, меѓутоа сега се споменува како главен кандидат за клупата на најлутиот градски ривал на „Редсите“, тимот на Евертон.

По заминувањето на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, Евертон остана без тренер, а освен Нуно Еспирито Санто, се споменуваше дури и можно враќање на Дејвид Мојс, кој влезе во финалната година од својот договор со Вест Хем, меѓутоа тоа е клуб со кого Евертон има одлични односи, кои нема да се обиде да ги расипе.

Првиот човек на Евертон, Фарад Мошири како главен кандидат го вметна токму Бенитез, чие семејство живее токму во Ливерпул уште од 2004 година, па ќе следат директни преговори помеѓу обајцата во периодот кој претстои.