24фудбал

Платата на Роналдо ги „брка“ заинтересираните клубови

Агентот на португалската ѕвезда, Жорж Мендеш бил забележан во Милано во текот на вчерашниот ден, меѓутоа тој имал посета од претставници на Милан, Интер и Фиорентина, но не и од Јувентус.

Италија

Јувентус ќе мора да биде со Кристијано Роналдо додека португалската ѕвезда не се одлучи да ги намали своите побарувања во однос на платата, пишува „Скај Спорт Италија“.

За Роналдо се шпекулира дека е на излезна врата од Торино откако на клупата на „Старата дама“ се врати Масимилијано Алегри, со тоа што Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ се споменуваат како негови потенцијални идни дестинации.

Како и да е, се верува дека ниту еден од претходно наведените клубови не е подготвен да му исплаќа на Роналдо годишна плата во висина од 30 милиони евра, колку што Португалецот во моментов заработува во Јувентус.

Дури и со негова продажба за обештетување од 30 милиони евра не би се решиле проблемите, па така единствена солуција се гледа во тоа Португалецот да ги намали своите барања.